МНР: Автобус со македонски туристи се судри со камион во Турција, има една жртва

Едно лице е починато, а четириесетина други граѓани се повредени при синоќешната сообраќајна несреќа во Турција, на 10 километри од Малкара и околу 40 километри до грчко-турската граница, кога автобус во кој се превезувале македонски државјани се судрил со камион, информираат од Министерството за надворешни работи.

Од Министерството велат дека заедно со Генералниот конзулат на Република Македонија во Истанбул и Амбасадата на Република Македонија во Анкара се во постојан контакт со сите надлежни инстутуции во Турција.

Сите информации поврзани со состојбата на повредените патници ќе може да се добијат на следните дежурни телефони:

Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул
Мобилен телефон: +90 535 108 5622,
Телефон: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33
Е-пошта: istanbul@mfa.gov.mk
Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul

Амбасада на Република Македонија во Анкара
Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691
Телефон: + 903 12 439 92 08 F: + 903 12 439 92 06
Е-пошта: ankara@mfa.gov.mk
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara

Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Мобилни телефони: +38975 237 021
Тел: +389 2 3115 266, лок. 168 Факс: +389 2 3115 790
Е-пошта: PR@mfa.gov.mk, infocentar24/7@mfa.gov.mk