Многу полиција и помали инциденти – се одржа Парадата на гордоста во Подгорица

Со знамиња во боите на виножитото и транспаренти на кои пишуваше „Жена,мајка,лезбејка“, „Геј е ок“, „Прогресот е толеранција“, стотина ЛГБТ активисти од целиот регион, во друштво на амбасадори и јавни личности денеска излегоа на Парадата на гордоста во Подгорица. Парадата мина во знакот на силното полициско обезбедување и строгите мерки за безбедност.

По завршувањето на Парадата, стотината активисти беа буквално евакуирани од центарот на градот со полициските возила бидејќи немало друг начин да се гарантира нивна безбедност, додека бројните хулигани и противници се обидуваа да влезат во заштитената зона, пишуваат локалните медиуми.

Многу полиција и помали инциденти - се одржа Парада на гордоста во Подгорица

Повеќе од 2 илјади полицајци ги обезбедуваа активистите за правата на геј заедницата. Распоредени во „концентричните кругови“ ги штитеа од инциденти, а поворката ја надгледуваше хеликоптер бидејќи настанот беше означен како еден од најризичните собири во последната деценија. Освен што се знаеше дека поворката ќе мине низ центарот на градот, со марршута долга 1,5 километри во двата правци,  рутата на движење не се откриваше пред настанот.

Покрај активистите и дипломатите, поддршка дојде и од Владата на Црна Гора, а за време на прошетката низ главниот град со нив се движеа министерот за човекови и малцински права Суад Нумановиќ и советникот на премиерот за човекови права Јован Којочиќ.

Паралелно со овој собир, политичката групација „Српска листа“ најави протестна прошетка во близина на парадата. За време на парадата полицијата се судрила со околу 150 противници на настанот, кои сакале насилно да влезат во делот од градот каде се одржуваше манифестација. Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата употребила пендраци и солзавец за да ги растера, а тие возвратиле со петарди и камења.

Многу полиција и помали инциденти - се одржа Парада на гордоста во ПодгорицаСамо неколку минути пред почетокот на настанот, детонација се слушнала во центарот на градот. Претходно и еден 15-годишник од Подгорица завршил во болница со изгореници откако се запалила експлозивната направа со која сакал да ја нападне Парадата на гордоста. На инспекторите им раскажал дека сам ја направил експлозивната направа, со помош на инструкции кои ги нашол на интернет. Сепак експлозивниот материјал се запалил и му нанел изгореници. Повод за намерата за напад била исклучиво геј парадата, изјавило момчето пред полицијата во присуство на родителите.

Првата Парада на гордоста во Подгорица се одржува под слоганот „Црна Гора – гордо“. Обид за ваква парата имаше и летово во Будва, но тогаш активистите беа нападнати од противниците на ваквите движења, па полицијата мораше итно да ги евакуира.