Стотина граѓани поборници за почиста животна средина, вчера беа дел од масовна акција на чистење на Скопска Црна Гора. Во акцијата тие собраа 100 вреќи најразличен отпад, кое потоа го однесе општинското комунално претпријатие, со вонредна акција.
Иницијаторот на акцијата, Мери Пејоска, со свои средства обезбеди и донираше кеси, ракавици, колички и фаќалки за смет, додека друг донатор обезбеди сендвичи за вредните ученици.
Таа изјави дека е задоволна од одзивот и најави дека се планираат уште вакви акции за Скопска Црна Гора да стане почиста планина.
„Да ја направиме Скопска Црна Гора чиста колку што е убава“, стоеше во повикот за акцијата.
Акцијата беше помогната од учениците и жителите од овој регион. Појдовни пунктови имаше во селата Бразда, Кучевиште, Побожје и Бродец.