ММФ: Источна Европа ја напуштиле 20 милиони млади

Речиси 20 милиони, воглавно млади и образовани луѓе од Источна Европа, цифра која одговара на бројката на жители на Чешка и Унгарија заедно, ја напуштиле својата земја во претходните 25 години, поради желба за подобра економска состојба во развиените земји, покажува најновото истражување на Меѓународниот монетарен фонф – ММФ.

За Источна Европа, како што се наведува во анализата, мотивација за заминување биле подобрите работни услови и поголемата плата, а најмногу си заминувале доктори, архитекти, инженери.

Иако најчесто емигрантите се подобро ситуирани и нивните семејства во земјите од каде што доаѓаат често имаат корист од парите, нивното заминување го слабее економскиот потенцијал на родните земји. Големиот прилив на пари ја поддржи потрошувачката, но исто така, доведе до пораст на девизниот курс, а со тоа и економијата стана помалку конкурентна и со помала продуктивност.

„Парите кои се праќаат на роднините доведе до зголемување на почетните плати и намалена мотивација за работа. Како резултат на тоа, платите растеа побрзо од продуктивноста, што предизвика ерозија на повратот на инвестициите и слабеење на мотивацијата за инвестирање во земјата од каде што потекнуваат“, пишува во извештајот.

Големата и непрекината емиграција ја успори и вкупната стапка на раст на производството и стапката на раст по глава на жител.

„Да не беше емиграцијата во периодот од 1995 година до 2012 година, реалната стапка на растот на БДП во регионот би била вкупно, во просек, седум процентни поени повисока“, се вели во анализата на ММФ.

Заминувањето на младите, како што е наведени, го влошува веќе постоечкиот тренд – старите лица се растечки дел на населението. Тоа од една страна, води до поголеми трошоци за пензија во однос на БДП.

„Заминувањето на некои од најмладите и најпаметните доведува до тоа што процесот на фаќање чекор на Источна Европа со понапредниот дел од  континентот претставува уште поголем предизвик“, порачува ММФ и истовремено нагласи дека миграцијата кон Западот била корисна за развивање на земјите и придонела во нивниот поголем раст.

Од гледна точка на Источна Европа, пак, се наведува дека се потребни подобри институции и економски политики во родните земји, со цел да го поттикне останувањето, наместо заминувањето. Според ММФ, би можела да се разгледа и дополнителна либерализација на режимот за имиграција, особено за образовните работници.