„Младите vs Ковид-19“ – Онлајн работилница од млади за млади

„Младите vs Ковид-19: Како да се грижиме за себе и за менталното здравје?“, е насловена работилницата која на 29-ти септември ја организираат УНИЦЕФ и УСАИД.

Организаторите најавуваат дека на работилницата ќе се разговара за тоа што ја прави отпорноста на младите уникатна, што е тоа добросостојба, како поддршката кон заедницата помага за подобро ментално здравје и личен развој, како и за тоа зошто е важно да се грижиме за себе во стресни периоди.

Работилницата започнува од 16 часот, а најавена е како настан од млади за млади, модерирана од УНИЦЕФ волонтери и УСАИД LEAD стипендисти.

На работилницата предвидено е да присуствуваат амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. Како гостин е најавен и Иво Куновски, психолог од Универзитетска клиника за психијатрија.

Бројот на учесници н а дискусијата е ограничен, а секој заинтересиран може да се пријави најдоцна до 27 септември на следниот ЛИНК.

За време на настанот ќе биде обезбеден превод на англиски и албански јазик.

Повеќе информации на следниов ЛИНК.