Младите во Шведска најрано ги напуштаат своите домови

Шведските тинејџери ги напуштаат домовите порано од своите европски врсници, покажуваат статистиките кои ги изнанадија истражувачите.

Додека хроничниот недостиг на места за домување во шведските градови претставува непрекината главоболка за дојденците, младите во Шведска ги напуштаат своите домови порано од која било друга споредлива група во Европа, покажуваат најновите податоци од Еуростат.

Девојките ги напуштаат домовите на своите родители кога имаат 19.3 години, додека момчињата се веднаш зад нив со 19.9 години.

Оваа бројка ги става шведските млади на прво место во Европа, кога ќе се споредат со Хрватска (33.7 години) и Словачка (32.1 години).

Трендот во Шведска води кон порано заминување на младите од домовите – во 2011, тие ги напуштале родителите во просека на околу 21 година. Последните бројки ги изненадија истражувачите кои се запознаени со долгото чекање за станови во оваа земја.

„Бев малку изненадена од бројките. Но, станбени инвестиции почнаа да се појавуваат, на пример од компаниите за издавање недвижнини“, вели Cecilia Enstrom Öst од Институтот за домување и урбано истражување на Универзитетот во Упсала.

Таа ја објаснува ситуацијата со тоа што не сите млади луѓе живеат во големите градови и со експанзијата во високото образование.

„Скоро сите млади денеска одат на универзитет, ако сакаме да генерализираме и да споредуваме историски. Кога сакате да студирате, единствената важна работа е да најдете место за живеење, без оглед на големината на станот и стандардот“ вели Cecilia Enstrom Öst.

Статистиката на Еуростат покажува дека жените, во сите земји во ЕУ, заминуваат од дома порано од мажите. Најмалиот родов јаз се наоѓа во Шведска. Разликата е најголема во Романија и во Бугарија, каде што мажите ги напуштаат домовите дури 4.5 години подоцна од жените.