Младите во Охрид организираат акции за чистење на отпадот

„Чист Охрид“ претставува неформална организација што од неодамна ја сочинуваат млади луѓе од овој град. Нивната основна цел е преку низа акции да ги исчистат градските предели од отпадот што секојдневно се фрла.

„За организирање на вакво ниво не поттикна површното собирање на отпадот“, велат од „Чист Охрид“ за Радио МОФ.

Нивната прва акција ќе се одржи во недела (13 декември), на која е планирано да се чисти крајбрежјето на плажите до реката Сушица, познато како Воска. Зборно место за оние коишто сакаат да се вклучат во чистењето, е на плоштадот Крушевска Република (кај фонтаната) во 11:30 часот.

Но, покрај оваа акција, од „Чист Охрид“ велат дека планираат да ги означат точките со отпад на мапа, но и да продолжат неделните акции. Тие ги повикаа жителите на Охрид да се приклучат кон групното чистење на отпадот.

Повеќе информации за првата акција ќе споделат на нивниот официјален Фејсбук настан.