Младите од Ресен за подобро општество

Настанот  ,,Поглед преку очите на младите ресенчани“ кој беше организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, се одржа на плоштадот Маршал Тито во Ресен на 5-ти јули 2014 година со почеток од 19 часот.

resen

Еднодневниот настан „Поглед преку очите на младите ресенчани“  имаше цел:

• Да им прикаже и прати порака до локалните власти, како младите во Општина Ресен го гледаат градот и како би сакале тој да изгледа со цел за да ги задоволи секојдневните нивни потреби

• Да се развие систем за комуникација меѓу младите и јавните институции во насока на остварување на правата на младите

•  Покренување на дебата за проблемите на младите во Ресен

• Простор за слободно изразување и поминување на слободното време на младите во Ресен

• Потреба од отварање на кино каде младите би имале можност да ја развиваат кино културата во Ресен

resen5

Изложбата со фотографиите кои беа изработени од страна на членовите на младинскиот тим беше поставена во центарот на градот каде ја посетија голем број на ресенчани кои беа пријатно изненадени за идеите кои ги имаат членовите на младинскиот тим. Во рамките на отвореното кино, посетителите имаа можност да гледаат кратки видео клипови со пораки за здрава животна средина, младински активизам, како и еден видео клип кој е подготвен од страна на младинскиот тим.