Младите од Kичево во посета на Основниот Суд– Кичево

Младите од Kичево во посета на Основниот Суд– КичевоВо рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество на 12-ти јуни 2013год. (среда)беше реализирана посета на Основниот Суд-Кичево. На посетата присуствуваа околу дваесетина млади од општина Кичево, претежно средношколци.

Младите од Kичево во посета на Основниот Суд– КичевоНа почетокот на посетата лицето за односи со јавноста го претстави Основниот суд со неговата структура на вработени, неговите ингеренции и надлежности. Меѓу другото на  учесниците на посетата им беше објаснета постапката во граѓанското право и кривичното право, како и постапката во однос на прекршоците. Исто така беше направена обиколка на судската администрација и посета на кривичното одделение, граѓанското одделение, прекршочното одделение, како и наследно и вонпроцесното одделение.

На крајот од посетата надлежните представници на судот одговараа на прашања поставени од страна на учесниците, а при тоа беше извршена и посета на судница.Учесниците имаа можност да се запознаат со работата и улогата на учесниците во едно судско рочиште.Посетата беше оценета како многу корисна и успешна.