Младите од Гевгелија во посета на Основниот суд – Гевгелија

На 05 декември дваесетина средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски” – Гевгелија и членови на клубот од Младински образовен форум беа во посета на Основниот суд во Гевгелија.

Младите од Гевгелија во посета на Основниот суд - Гевгелија

Младите беа примени во судот од страна на Претседателот на Основниот суд – Гевгелија и им беше овозможено да остварат директна средба со него, во кој Претседателот ги запозна со работењето, видовите на судски предмети за кои е надлежен судот и други админстративни надлежности кои се во делокругот на работење на судот.

На младите им се овозможи да поставуваат прашања за кои беа заинтересирани поврзани со судот и правната материја.

Беше посетена една од двете поголеми судници, во која моментално не се одвиваше судење, но се оствари средба со еден од вработените судии и ги запозна со основните парнични дејства, како се одвива постапка, како и со начинот на однесувањето во судницата. Потоа беа запознаени со дел од судските одделенија кои функиционираат во судот со нивната работа, како и кои документи и административни надлежности кои ги извршуваат во текот на работењето.

Посетата беше реализирана од страна на Младински образовен форум како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество во соработка со Основниот суд на Гевгелија. Преку овие настани организаторите целат кон приближување на институциите до младите во насока на зајакнување на комуникацијата и придонес кон развивање на демократско и отворено општество.