„Младите делуваат за солидарност“ – повик за учество на работилница

Здружение на граѓани ,,Легис” Скопје во соработка со Центар за интеркултурендијалог – ЦИД од Куманово организира втора работилница која ќе се одржува на 29-ти август во хотелот „Порта“ во Скопје од 10:30 – 16:30 часот.

„Цели на проектот се подигнување на свеста кај младите од локалното население во поглед на интер-етничка солидарност и солидарност со бегалците и подобрување на капацитетите на локалните граѓански актери во однос на добрите практики во локален контекст за градење интер-етничка кохезија во општеството“, велат од „Легис“.

На обуката може да се пријават млади лица од 15-30 години, на следниот ЛИНК.

Ќе бидат контактирани само селектираните учесници.

Работилницата е дел од проектот ,,Младите делуваат за солидарност” поддржан од Фондација Отворено општество Македонија.