Младите да се насочат кон изучување на обновливите извори на енергија

Три милиони работни места треба да се отворат во енергетскиот сектор на обновливи ресурси до 2020 година – пишува во документот од Европската комисија за зелена економија.

Младите да се насочат кон изучување на обновливите извори на енергија

Енергетската трансформација од фосилни кон обновливи извори на енергија создава потреба за нова генерација на едуцирани кадри и претставува одлична можност за нови бизниси отворање на работни места.

Еколошките невладини организации Гоу Грин Скопје и ФРОНТ 21/42 изготвија публикација на тема “Ниско јаглеродна економија – висок бизнис потенцијал” поддржана од Фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг.

„Мора да се пристапи посистематски на еколошко образование во Македонија за да имаме една подготвена генерација која максимално ќе ги искористи бизнис можностите кои произлегуваат од енергетската трансформација”, изјави Антонио Јовановски од Гоу Грин е еден од авторите на публикацијата.

Публикацијата е во рамки на овогодинешната “Европска недела на мали и средни претпријатија” со отворена дискусија на тема “Младите, претприемништвото и обновливите извори на енергија”.

Некои од главните препораки се наставната програма да се ревидира од аспект на информации и знаење кое го нуди за обновливата енергија, да се искористат „Денови на кариера“ и да се организира штанд за промоција како заедничка соработка на сите факултети кои нудат вакви студии и невладините организации кои работат на оваа тема, потоа компаниите да почнат со (дури и скромна) програма за стипендирање на млади луѓе кои сакаат да се образуваат на оваа тема, како и програма за пракса на студентите кои веќе студираат или само што завршиле.

Се препорачува и да се засили поддршката за кампањи на невладиниот сектор во соработка со медиумите, за тоа да биде на начин кој ќе биде атрактивен и близок за младите, како и акциите на Министерството за економија за делумно субвенционирање на сончеви колектори да се продолжат и зголемат.

Публикацијата е издадена на англиски, македонски и албански јазик.