На 19-ти август 2014 година (вторник), во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, беше реализиран настанот „Јас и ти, исти“ кој се одржа во Градскиот парк во Битола. На настанот присуствуваа стотина битолчани и истиот имаше за цел зголемување на меѓуетничката толеранција, намалување на дискриминацијата и меѓусебно прифаќање и разбирање и создавање единство во разликите.
Настанот се состоеше од работилница за спречување на дискриминацијата, намалување на предрасудите и стереотипите каде низ интересна приказна, учесниците од различни средини станаа посвесни за последиците на предрасудите кои постојат кон одредена општествена група. Исто така, настанот вклучуваше ликовен и литературен конкурс на тема „Јас и ти, исти“ наменет за млади од 14 до 20 години и истиот беше од награден карактер.
На литературниот конкурс победник е Мартин Николовски со својот есеј „Јас и ти, исти.“, додека пак на ликовниот конкурс, победи цртежот на Леила Фетовска. Победниците беа објавени на самиот настан и беа симболично наградени со книги.
Како последна активност за овој настан беше организираниот Flash mob со околу 40 учесници од различни националности и на крајот на Flash mob-от младите кон небото испуштија балони на кои беа закачени пораки со желби.