Младите бараат повеќе ноќни автобуски линии

Група млади, средношколци и студенти преку флешмоб настан кај автобуската станица спроти Градската болница во Скопје, вчера побараа повеќе ноќни автобуски линии во главниот град.

Младите бараат повеќе ноќни автобуски линии

Младите со шатори и вреќи за спиење, симболично испратија порака дека доколку не се воведат дополнителни ноќни автобуски линии, ќе мора да преспиваат на автобуските станици.

Младите бараат повеќе ноќни автобуски линии

Тие потсетија дека се потребни повеќе и почести ноќни автобуски линии за младите кои го користат јавниот превоз од најразлични причини како едукација, тренинг или излегување. Според организаторите, акцијата има за цел и да го покрене прашањето за безбедноста на младите во јавниот автобуски сообраќај.

Младите бараат повеќе ноќни автобуски линии

Тие поделија флаери и залепија постери низ поголем број на автобуски станици како и основни и средни училишта во Скопје. Младите кои се дел од иницијативата велат дека побарале и да се сретнат со раководните лица од ЈСП околу можноста за воведување на повеќе ноќни линии во главниот град.

Иницијативата е поддржана од Националниот младински совет преку проектот Младинско граѓанско образование.