Младите амбасадори за помирување од регионов се сретнаа во Белград

Изминатиов месец во Белград, по четврти пат се одржа конференцијата за Амбасадори за помирување меѓу младите.Организиран од Младинскиот одбор за образование на Србија, а финансиран од Британската амбасада во Белград, овој настан овозможи дваесет учесници од Македонија, Србија, Косово и Босна во шестдневниот престој преку предавања, посети и дискусии да ги разменат своите искуства, ставови, мислења, познавања за меѓународните односи, како и односите меѓу етничките групи во своите држави.

Преку кратки документарни филмови беа прикажани неправдите нанесени на граѓаните за време на војните во Србија, Хрватска, Босна, Косово, како и за немирите во Македонија. Со објективно, совесно и толерантно размислување, со отворени и искрени намери за прифаќање на другата страна, по петдневните долготрајни, но многу корисни и интересни сесии, учеснците се здобија со титула „Амбасадори за помирување меѓу младите“, врачена од претставниокот од Британската амбасада во Србија, Dominic-Haydn Braithwaite – советник за конфликти во регионот, и Наим Лео Бешири, координатор на проектот претставник на „Младинскиот одбор за образование“.Со оваа титула, учесниците, се здобија и со обврска која произлегува и од самата дејност на амбасадорите, всушност ширењето на толеранција, меѓусебно разбирање и прифаќањето на различности кои претставуваат и општи морални вредности, како и елементи кои придонесуваат за општ мир и соработка.

Посетата на српскиот суд, центарот за хуманитарно право, резиденцијата на амбасадорот за Евро-интеграции, хрватската амбасада, парламентот и владата каде се одржаа предавања и дискусии на разни теми во врска со Европската Унија, меѓународните судови, улогите на овие институции во Евро-интеграциите, како и предавањата и дискусиите од другите предавачи на конференцијата, им овозможија на учесниците да се запознаат подлабоко со правилата, законите, начините за влегување во ЕУ. Од друга страна, темите поврзани со идентитет, војна, историја, право, човечки права и дискусиите за филмови поврзани со овие теми влијае врз проширување на знаењата и мислењата на учесниците, со што се заокружи успехот на целиот настан.

Извор