Младиот рап артист Martix ќе настапува во „Дуња“

Мартин Милев (Martix) утре од 20 часот ќе настапува во социјалниот центар „Дуња“.

Се работи за млад рап артист од Кочани кој е активен на сцената веќе неколку години, има неколку учества и победи на „freestyle battle“ настани (рап двобои во слободен стил) и неколку соработки.

Martix досега има објавено две соло песни кои се дел од неговиот албум „neverAmore“, најавен за 2019 година.

„Ќе имате можност да слушнете голем број необјавени песни, како и нешто повеќе за артистот и албумот кој што следи. ‘neverAmore’ е рап во најчиста форма, ако RAP е кратенка од rhythm and poetry (ритам и поезија). Без разлика на актуелната слика, каде што првото (rhythm) доаѓа повеќе до израз, а второто (poetry) е сведено на минимум, Martix ветува дека стои во одбрана на двете! За сите љубители на зборот, задолжително присуство“, стои во најавата за настанот.