Младиот пијанист Арда Мустафоглу освои трето место на натпревар во Белгија

Петнаесетгодишниот пијанист Арда Мустафаоглу освои трето место во неговата категорија на 3. Интернационален пијано натпревар „Triomphe de l’Art“, кој од 6-ти до 11 ноември се одржа на Кралскиот конзерваториум во Брисел.

На натпреварот учествуваа 40 пијанисти од 15 држави од светот, а Мустафаоглу беше единствен натпреварувач од Македонија.

Арда Мустафаоглу е меѓу најталентираните македонски млади пијанисти. Оваа година тој учествуваше и освои први места на пијано натпревари во Србија, Италија Бугарија и Турција.