Младиот пијанист Арда Мустафаоглу е трикратен победник на натревар во Италија

На четвртиот меѓународен натпревар за пијано „Città di San Donà di Piave“ кој кон средината на мај се одржуваше во културниот центар „Леонардо да Винчи“ во Венеција, македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место.

На натпреварот учествуваа 170 пијанисти од 30 држави, а наградата ја додели жирито во состав: Константин Боџино, Масимилиано Џенот, Карло Гуаитоли, Александар Вујуќ и Метс Видланд. Мустафаоглу едногласно му ја додели и специјалната награда „Невена Поповиќ“.

На завршниот концерт во театарот „Metropolitano Astra“, младиот пијанист ја импресионира публиката, по што му беше доделена и најпрестижната награда на натпреварот – наградата од публиката.

Арда Мустафаоглу

Арда е ученик во седмо одделение во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски –Луј“ од Скопје во класата на м-р Самира Мустафаоглу. Во неговата кратка, но богата пијанистичка кариера има многубројни настапи, концерти, освоени први награди, специјални награди и титула лауреат на државни и меѓународни натпревари во Македонија, Турција, Србија, Бугарија и Албанија.

На 9 јуни, заедно со Македонската филхармонија тој ќе и се престави на домашната публика со Моцартовиот пијано концерт бр. 21.