Младинско будење во Струга преку активистички фотографии

Со хаштагот #youthawakening, а во рамки на онлајн кампањата на социјалните мрежи младите од Струга изминатиот месец објавуваа активистички фотографии преку кои кажуваат со какви проблеми се соочуваат, но и што посакуваат во општината во која живеат.

Акцијата е дел од проектот„Развој на локално младинско учество и локални младински политики“ на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од EУ која продолжува со вечерашниот настан „Младинско будење“ во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” на иницијативата за основање на локален младински совет во Струга. На настанот ќе има табла каде младите ќе можат да лепат стикери со проблемите со кои се среќаваат, ќе се делат разгледници со младински пораки и ќе биде спроведена анкета за тоа колку младите се застапени на локално ниво.

Целта на овој настан е да им понуди на младите канал преку кој ќе можат да го кажат своето мислење и потреби кон општината, да ја промовира потребата од локално младинско здружување и да ги позиционира како релевантен фактор во процесите на донесување на одлуки кои ги засегаат.

Активистичките фотографии погледнете ги подолу:

2

3

10872433_908348262518045_574829397_n