Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари нуди и бесплатно психолошко советување

Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари најави дека почнува да нуди бесплатно психолошко советување.

„Со задоволство ви најавуваме дека еднаш месечно нашиот психолог Јасмина Јонуз ви стои на располагање за советување. Сѐ што треба да направите е да свртите на  02 2651 955 и да закажете термин“, стои во најавата на центарот.

Услугите на центарот се бесплатни.

Младинските центри работат под закрила на ХЕРА организација која се залага за тоа сите луѓе да ја уживаат својата сексуалност слободно и во социјална благосостојба. Токму затоа, од нејзиното формирање во 2000 година до денес, предводи граѓанска акција и поттикнува општествена промена со цел остварување на сексуалните права и овозможување подобро образование и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје, особено за маргинализираните заедници. 

Покрај во Шуто Оризари, ваков младински центар работи и на Водно.