Младински отворен ден на Националниот младински совет на Македонија

Младински отворен ден на Национален младински совет на МакедонијаНационалниот младински совет на Македонија во рамки на проектот „Инспирирај младинско учество”, на 27 март, организира Младински отворен ден каде што младите луѓе и младинските организации ќе имаат шанса да се запознаат и вмрежат меѓусебно. Настанот кој почнува во 11 часот ќе се одржи во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“

НМСМ ги повика сите младински организации да ја претстават својата работа и своите идеи, како пред присутните млади така и пред младинските организации кои ќе учествуваат на Младинскиот отворен ден.

Целта на овој наста, појаснуваат од Националниот младински совет, е доближување на младите до младинските организации и нивните активности како и промовирање на младинското учество кое игра важна улога во подобрување на целокупниот стандард на младите.