Младински обуки за вештини за вработување

„Младите можат“ во соработка со „Мобилност Македонија“, со поддршка од проектот „Мрежа ЈЕС“ на УСАИД Македонија го реализираат проектот „Подготвеност за вработување и за работа“. Целта на овој проект е подобрување и усовршување на вештините за вработување и работа на младите луѓе преку трансфер на знаење и професионални вештини и инклузија на млади со попреченост.

Младински обуки за вештини за вработување

 

Проектот е составен од обуки кои ќе се одржат во 5 дена – 30, 31 мај, 1, 7, 8 јуни, а ќе ги опфатат следните модули:

– Воведен модул
– Личен развој
– Вештини за барање работа
– Комуникациски вештини
– Тимска работа и лидерство
– Соодветно однесување на работно место
– Безбедност, права и обврски на работното место
– Финансиски вештини

Сите оние кои сакаат да учествуваат на обуките, треба да го пополнат формуларот и да го испратат на info@youthcan.org.mk  до 25 мај на полноќ.

Критериуми за учество на обуките се:

– Да сте на возраст од 18 до 27 години и да живеете на територија на град Скопје
– Да сте невработени и да не сте регистрирани во Агенцијата за вработување на РМ
– Да не сте во образовен процес

Обуките се бесплатни и задолжително е присуство на сите модули. За дополнителни прашање или повеќе информации
контактирајте на gorjan.slavkovski@youthcan.org.mk или на 072 23 70 70.