Младински натпревар за најдобра фотографија на Гоу Грин

Гоу Грин распишува конкурс за најдобра фотографија на тема ,,Отпад – проблем или можност”.

Отпадот може да создаде диви депонии и загадување, но во исто време може да претставува непроценлив ресурс и извор на енергија. Целта на натпреварот е да поттикне размислување кај младите на оваа тема и да стимулира креативно изразување преку фотографијата.

Право на учество имаат млади луѓе на возраст од 12 до 18 години од Македонија. За учество е потребно да ја испратите својата фотографија заедно со вашите лични податоци (име, презиме, возраст и училиште) на photocompetition@bidizelen.org со наслов „Натпревар за најдобра фотографија”.

Критериуми кои мора да ги имате предвид:

– Секој учесник може да прати само 1 фотографија

– Фотографијата не треба да е поголема од 10 МБ

– Краен рок на испраќање на фотографии е 18 ноември, 12:00 часот.

– Фотографијата треба да претсавува ваше лично дело т.е. најстрого се забранува плагијат или копија

Сите фотографии ќе бидат поставени во посебен албум на фејсбук страницата на Гоу Грин.

Гласањето ќе започне на 18 ноември, 20:00 часот и ќе трае до 23 ноември, 20:00 часот. Првите 20 фотографии кои ќе добијат најмногу лајкови ќе бидат поставени на изложбата на 28 ноември и исто така ќе бидат испечатени и во списанието „Биди Зелен”. Првите три фотографии ќе добијат вредни награди кои официјално ќе бидат доделени на изложбата на 28 ноември.