Младински музички маратон – Концерт на „Аулос” во Музејот на Град Скопје

Камерниот ансамбл „Аулос“ кој на музичката сцена во Македонија постои десет години, вечер од 20 часот ќе одржи концерт во Музејот на Град Скопје.

„Аулос“ на почетокот постоел како специфичен состав и како ексклузивци на Музичка младина на Македонија активно концертирал постигнувајќи врвни и впечатливи резултати. Членови на овој состав се: Марија Јакимовска, Јана Каевска, Тамара Џајковска, Богдана Бушевска.

Членовите на овој состав се студенти и магистрирани музичари на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Страшо Темков (флејта) и професор Гордана Јосифова Неделковска (камерна музика). Покрај заедничките настапи, членовите на овој состав настапуваат самостојно на голем број концерти во и надвор од нашата држава, а носители на голем број награди и признанија.

Како специфичен состав на флејти е извондреден на музичката сцена во Македонија, за која се пишувани дела и им се посветуваат дела од македонски автори како Кокан Димушевски.

Влезот е бесплатен, а концертот се одржува во рамки на проектот „Младински музички маратон“, со поддршка од Министерството за култура и Дирекцијата за култура и уметност.