„Младински музички маратон 2020“ вечерва на плоштадот „Мајка Тереза“

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“ денеска ќе се одржи концертот со наслов „Младински музички маратон 2020“. Локацијата е плоштадот „Мајка Тереза“, а почетокот е најавен во 20.30 часот.

На концертот ќе настапат пијанистите Гоце Златев, Дилек Реџеп и Инес Неделковска, и сопранистката Илина Митревска. На програмата се дела од Лист, Рахманинов, Росини, Пучини, Моцарт, Перголези, Вебер, Шуберт, Равел, Властимир Николовски и други.

Како што најавија од „Скопско лето“, концертот ќе се одржи согласно протоколите за заштита од Ковид 19. Бројот на публиката ќе биде ограничен и со задолжително почитување на мерките за заштита – носење заштитни маски, мерење телесна температура, физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето, дезинфекција. Затоа се препорачува посетителите да простигнат порано, во 20 часот.