Младински кампови во Брвеница и Крушево

Здруженијата Амбрела и ИМКА Битола во соработка со американскиот Мировен Корпус, ги отворија своите годишни кампови за лидерство, во Брвеница и Крушево, за 150 средношколци од Македонија. Камповите се оддржуваат од 24 до 31 јули и се поддржани од шеесетина волонтери. Кампот GLOW (Girls Leading Our World – Девојките го водат светот) се одржува во училиштето „Вудроу Вилсон“ во близина на Тетово, а YMLP (Young Men’s Leadership Project – Младински лидерски проект) во планините во близина на Крушево.

Кампот GLOW ги поттикнува и инспирира младите девојки преку надминување на културните препреки да станат лидери во нивните заедници. Над 700 млади девојки присуствувале во GLOW во изминатите десет години. Оваа година, кампот YMLP (Young Men’s Leadership Project – Младински лидерски проект) ја слави својата десетта година во обуки за лидерство и им го има овозможено искуство на  600 момчиња од Македонија. Камповите се организирани благодарение на поддршката на неколку компании, американската амбасада и американскиот Мировен Корпус.

Кампот GLOW е мултикултурен камп за лидерство дизајниран да промовира самодоверба, пријателство и учество во заедницата преку едукативни активности за женското здравје, исхрана, животната средина, поставување цели, волонтерство, кариернопланирање, уметност, антидискриминација, мировно образование и многу повеќе. Кампот е отворен за девојки средношколки и се изведува на англиски јазик.

Кампот YMLP е американски стил на камп отворен за средношколци. Тој е мултикултурен камп за лидерство со неформална настава фокусиран на:лидерство, личен развој, екологија, граѓанска одговорност и демократија. Камперите исто така учат неопходни вештини на отворено и имаат можност да постават свои шатори, логорски оган и да подготват својата храна додека ротираат меѓу спиење во затворено и во шатори.