Младински камп на островот Утоја, четири години по масакрот

Голем број млади политички активисти се собраа во летниот камп на островот Утоја во Норвешка, по четири години откако десничарскиот екстремист Андер Брејвик на него уби 69 лица. Лабуристичка партија го отвори младинскиот камп за првпат по масакрот кој се случи на 22 јули, 2011 година, пренесува Ал Џезеира.

Емили Берсас, организатор на кампотвели дека нема да дозволата „тој мрачен ден да ги засени убавите и светли спомени од изминатите кампови, или идните викенд -младински состаноци и социјални настани организирани од партиското младинско крило“.

Островот, кој се наоѓа на педесетина километри од Осло е во сопственост на Лабуристичка партија. Над илјада студенти ќе бидат дел од тридневните семинари за политика што почнуваат овој петок.Голем дел од традиционалните островски дрвени згради во црвена и бела боја беа реновирании. Изградбата продолжи трескавично до средата, за да се заврши новата сала за конференции и состаноци. Светлиот кружен челичен споменик на кој се гравирани со имињата на жртвите доби почесно место меѓу боровите дрвја, на едно затскриено место со поглед на околното езеро Tyrifjorden.

Мани Хусаини, претседател на младинската група верува дека е направен добар баланс со правење нови и реновирање на старите згради,  опишувајќи го реотворањето на кампот како „ важен чекор“ за одење напред, по настаните од 2011 година.

„Утоја секогаш ќе биде место каде ќе се сеќаваме на нашите другари, место за учење и место за политичко ангажирање“, вели Мани.

На првото сослушување по апсењето, Брејвик призна дека извршил убиство на 77 цивили, нарекувајќи го своето дело „гнасно, но неопходно“, велејќи дека тоа што го сторил не е кривично дело и оти тој поради тоа не сноси кривична одговорност. Тој тврдење дека е член на меѓународна антиисламска мрежа, која има две келии во Норвешка. Полицијата ја доведуваше во прашање веродостојноста на наводите на Брејвик.