Младински дискусии – Развиеноста на еколошката свест кај младите

Екологија и пандемија ниту се римува, а се покажа дека ниту пак оди рака под рака. Активизмот, иницијативите и акциите за почиста околина и повикувањето на институционална грижа за животната средина се префрлија онлајн и добиваат сè помалку медиумски минути.

Радио МОФ се приклучува кон кампањата „Разбистри сè“ и во наредниот период ќе може да проследите и учествувате во Младински дискусии на тема екологија, зачувување на животната средина и разбистрување

Во првата Младинска дискусија насловена „Развиеноста на еколошката свест кај младите“ водителите Станиша и Елена разговараат со Насер Велиу, екоактивист од EYO; Миријана Шишкова, ученичка; и Александра Илиева, професорка по француски јазик во СОУ ,,Св.Кирил и Методиј”, Неготино и активистка за зачувување на животната средина.