Младинска трибина за пристап до контрацепција

На 26-ти септември кој е Меѓународен ден на контрацепцијата, младинската група на ХЕРА организира трибина, која ќе се одржи на Педагошкиот факултет во Скопје во 13:00 часот.

Младинска трибина за пристап до контрацепција

На трибината ќе гостуваат Д-р Радица Бојчева – гинеколог, Благица Петрова од студентското списание “Излез” и Деспина Димитрова, волонтерка во ХЕРА.

– Младинската група на ХЕРА се приклучува кон активностите за негово одбележување, како ден посветен на зголемување на свесноста во врска со контрацепцијата и начин како младите да донесат информирани одлуки во врска со нивното сексуално и репродуктивно здравје, се вели во најавата за настанот.