Конференција: Наравоученија од регионалната младинска соработка

Конференција: Наравоученија од Регионална Младинска СоработкаЗдружението Центар за меѓукултурен дијалог утре (16 октомври) организира конференцијата на тема „Наравоученија од Регионална Младинска Соработка”. Настанот ќе се одржи во Клубот ГЕМ во Скопје,со почеток од 12 часот.

Целта на конференцијата е да им овозможи на претставниците на младинскиот сектор да ги споделат своите искуства и знаења со претставници од различни земји и да се вклучат во дијалог за поттикнување на социјална кохезија од соработката со Европските младински програми.

На конференцијата  ќе се соберат креатори на политики, претставници на различни институции.

Најавено е учество на 35 активисти од организации од триесетина европски држави кои ќе учествуваат на конференцијата и ќе ја  претстават својата работа во регионалната соработка во Европа. Ова ќе биде дополнителен простор за вмрежување со претставници од НВО секторот во Македонија.

Говорници на конференцијата ќе бидат Соња Митер од Регионалниот центар за поддршка и обука во рамки на програмата Млади на ЕУ за Југоисточна Европа САЛТО (SALTO SEE Resource Center), Снежана Манчева од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, Радмила Ристеска, Секретаријат за Европски Прашања и Ивана Давидовска, Национален Младински Совет на Македонија.

Модератор на настанот ќе биде Стефан Маневски од ЦМД, а изјави за медиуми ќе бидат давани во периодот од 11.30 до 12 часот.

Посебен акцент на конференцијата ќе биде ставен на влијанието што програмата Млади во Акција го има направено за регионална соработка во последните 7 години.

Настанот директно ќе го пренесува Радио МОФ, со стрим на оваа страница.