Младинска Република: Младите од Делчево дебатираат!

Младински образовен форум го го организира настанот „Младинска Република“ во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој ќе се одржи утре ( 7 август), во градското кино во Делчево со почеток од 12 часот.

Mladinska-republika-page-001

Еднодневниот настан има две цели, да ги едуцира младите за дебата и да помогне во зголемување на слободата на изразување на младите во општеството.

Во таа насока настанот ќе содржи јавна дебата на теза „Во случај на природна катастрофа која за еден месец би го уништила човештвото, владата не би ги известила своите граѓани“ која ќе биде електронски документирана, промовирајќи ја неограничената слобода на изразување на младите луѓе. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебатата преку дискусија. Дополнително ќе биде отворена и дебата на тезата „Во случај на несоодветни услови за одржување настава, учениците треба да имаат право да ја прекинат истата“ на табла, каде постетителите ќе имаат можност да ги запишуваат своите аргументи.

Јавниот настан „Младинска република“ е иницијатива на група млади луѓе од Делчево. Овие млади луѓе се натпреваруваа со своите врсници од 12 градови за можноста да се организира иницијатива за подобрување на нивната заедница како и да се обезбедат можности за учество на младите.