Младинска работилница за 3D печатење со рециклирана пластика

Отворен е повик за пријавување за учество во „Еко Лаб Скопје“ – работилница наменета за младите од основните и средните училишта/ Нејзина цел е преку лабораториски пример да го покаже процесот на рециклирање на пластиката за да се зголеми свеста,  самоиницијативата и иновативноста на младите за зачувување на животната средина и развој на нивната креативност со најновите технологии.

Во работилницата ќе се користи пластика од шишињата за вода и сокови со ознака PET која е безбедна и не испушта хемикалии. Рециклираната пластика ќе биде користена за печатење на нови предмети со 3Д печатач осмислени од младите на работилницата.

Пријавувањето е бесплатно за сите учесници, но бројот на учесници е ограничен. Приоритетот на учесници ќе биде според редоследот на пријавување

Поради безбедност на учесниците, работилниците ќе се одвиваат онлајн, а практичниот дел и печатењето со 3D печатач ќе се одвива според здравствените протоколи и со присуство од најмногу 4 учесници во една група.

Младите учесници на возраст од 12-18 години може да се пријават на линкот https://tinyurl.com/EkoLab

Нејзиното организирање произлегува од фактот што во нашата земја годишно се пуштаат во оптек 120-150 милиони пластични кеси и над 120.000 тони пластика за пакување, а се собира само 12.000 тони пластичен отпад. Клучното прашање е каде оди останатиот пластичен отпад?

Работилницата се одржува под покровителство на град Скопје и ПАКОМАК, а во реализација на здружението Планет-М.