Младинска конференција: Како до модерна контрацепција за младите во Македонија


Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА на 26 септември во Скопје, хотелот Холидеј ин организира Младинска конференција „Како да им се обезбеди модерна контрацепција на младите во Македонија“, по повод Меѓународниот ден на контрацепција.

Младинска конференција: Како до модерна контрацепција за младите во Македонија

Конференција на едно место ќе ги вклучи младите луѓе и младинските организации, како и донесувачите на одлуки, како и претставници на други институции меѓународни, мултилатерални, билетарални организации. Оваа конференција има за цел да ја актуелизира важноста на прашањата поврзани со контрацепција и нејзината достапност за младите во Македонија,  да отвори дискусија помеѓу младите и претставниците на релевантните институции, како да помогне во подобрување на достапноста на модерната контрацепција.

Да постави јасни идни чекори за подобрување на пристапот до модерна во Македонија

Пријавувањето за учество на конференцијата може да се направи на следниов линк http://tiny.cc/x7uj3w најдоцна до вторник (24 септември) до 12 часот, додека за учесниците кои што доаѓаат надвор од Скопје ќе им бидат покриени патните трошоци во висина на автобуска карта.

Програмата за настанот може да се симне ТУКА.