Активисти против климатските промени во Велика Британија биле принудени да ја откажат својата прва национална конференција поради поплавите што ги донесе бурата „Денис“, објави „Индeпендент“.
Конференцијата требала да започне во неделата во Стафордшир, но полицијата советувала дека настанот не треба да се оддржи поради безбедносни причини.
Поројниот дожд ги парализирал патиштата околу местото, правејќи ги непроодни, велат од Студентската климатска мрежа на Британија.
Откажувањето на настанот се случило откако бурата Денис предизвика поплави и опасни временски услови во Велика Британија, поради што Агенцијата за животна средина издаде повеќе од 200 предупредувања за поплави.
15-годишната активистка Софија Конингем од Лондон вели дека откажувањето на конференцијата поради временската непогода е „мрачна иронија“.
„Ваквото откажување во последна минута е особено тешко за младите луѓе без финансиски ресурси да патуваат низ целата земја, секогаш кога ќе избереме. Живееме во ера на климатски бури, каде најекстремните временски непогоди од минатиот век стануваат норма во овој век. Ова е вонредна ситуација што сега се чувствува низ целиот свет, од Стафордшир до Шри Ланка“, додава Конингем.