Младинска конференција „Чувари на мудроста“ во Филхармонија

Со дискусии на теми од областите на култура, економија и комуникации во петок (31 март) во малата сала на Филхармонија ќе се одржи младинската конференција „Чувари на мудроста“.

Настанот ќе започне во 11:30 часот со првата панел-дискусија „До успехот со среќа или со работа?“ на која ќе говорат професорот Никола Пановски, академик Таки Фити и основачот на Витаминка АД Прилеп, Симон Наумовски, а ќе ја модерира Горан Теменугов.

Говорници на втората дискусија „Живот со или за уметноста?“ ќе бидат писателката Винка Саздова, актерот Благоја Чоревски и професорот Костадин Танчев – Динка, а модераторка ќе биде Сребра Ѓорѓиевска.

Последната панел-дискусија насловена „Од ѕвездите до калта!“ ќе ја предводат новинарките  Катерина Цаневска и Лилјана Дамовска.