Младинска иницијатива: Преку размена на млади луѓе од поранешна Југославија до помирување

Младинска иницијатива за човекови права го најави основањето на коалицијата на организации од регионот кои сакаат да придонесат за помирување преку размена на млади луѓе од поранешна Југославија. Иницијативата ги повика владите во регионот за поддршка на оваа програма, објавува српското Радио Слободна Европа.

Младинска иницијатива: Преку размена на млади луѓе од поранешна Југославија до помирување

Целта на проектот ќе биде зближување на младите родени во пост-конфликтните држави од Западен Балкан кои се уште се оптоварени со настаните од неодамнешното насилно минато.

„Треба да се создаде меѓу помладата генерација нова врска која ќе се базира на доверба. Кога ќе се изгради таквата врска, тогаш можеме да одиме напред “, рече Анита Митиќ, директор на младинска иницијатива за човекови права во Србија.

Според Митиќ, ова ќе помогне да се зближат не само граѓанските организации, туку и државите.

Ова регионално тело треба да добие финансиска поддршка од државните влади во регионот. Един Кољеновиќ од Младинската иницијатива во Црна Гора вели дека се преземени чекори за организирање состаноци со регионалните лидери. Во понеделник ќе го имаат првиот состанок во Подгорица.

Два главни предизвици за овој проект, според претставниците на младинската инцијатива е дека идејата не би била добро прифатенаод страна на јавноста и недостатокот на политичка волја.

Инспирацијата за создавање на ова тело доаѓа од искуството на германско-француската младинска иницијатива, која беше формирана по Втората светска војна за да се намалат предрасудите и бариерите кои постоеле помеѓу младите во овие две држави, а успешно работи повеќе од 50 години, објаснуваат од Иницијативата.

„Опстојуваме во време кога генерациите родени во 90-тите години ќе немаат пријатели од другите земји и нема да имаат комуникација. За тоа мора да бидат свесни лидерите во регионот. Треба да бидат свесни дека државите мора да застанат зад овој проект и дека треба да се направи она што претходно го започнале Французите и Германците. Ако ова не го направиме на Балканот, нема да бидеме во можност да успееме и нема да сме во можност да направиме каква било заедничка иницијатива и треба да бидеме свесни дека ако не стоеме заедно во овие идеи ќе бидеме мали и незначајни за глобалната перспектива “, рече Недим Јахиќ од Младинската иницијатива во БиХ.

Претставниците на иницијативата кон крајот на октомври ќе се сретне со претставници на институции и политички партии во Хрватска, Црна Гора, Косово, Србија и Босна и Херцеговина за да разговараат со нив за подготвеноста да учествуваат во формирање на такво тело за размена на млади луѓе.

Младинската иницијатива од нејзиното основање во 2003 година, интензивно работи на воспоставување врска меѓу повоената генерација во земјите од поранешна Југославија.

Извор: Radio Slobodna Evropa