Младинска акција во запуштениот парк „Ајдучко маало“ во Тетово

Членовите на Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово заедно со волонтерите од Peace Corps организираа младинска акција во паркот „Ајдучко маало“ во Тетово.
Настанот започна со интерактивни игри каде што членовите имаа можност меѓусебно да се запознаат, а потоа продолжи со работилница за изработка на транспаренти. Членовите поделени во групи пишуваа што би сакале да видат и како треба да изгледа паркот „Ајдучко маало“ кој со години  запуштен, а инфраструктурата е целосно руинирана.
Членовите на Медиа/Арт клубот со испишаните транспаренти побараа почист парк, повеќе зеленило и дрвја, повеќе клупи за седење, но и корпи за отпадоци. Потоа присутните почнаа да го чистат паркот, а мадите тетовци уште еднаш испратија порака за подигнување на еколошката свест кај своите сограѓани за поголема грижа и одржување на парковите во градот.
Настанот го поттикнаа волонтерите од Peace Corps Бони Смит и Кејтин Бовдлер кои два месеци престојуваат во Тетово и кои заедно со МОФ го организираа заедничкиот настан. Акцијата која се одвиваше во саботата, беше поддржана од здруженијата Друштво на екологисти – Тетово, Македонско – Хрватскоти друштво, Лоја, ЦЕД и Младинска Алијанса.

Б.К.