Млади за Скопје: Концерт на „Луфтханза“ и изложба на Јана Русевска

Седмиот настан „Млади за Скопје“ ќе се одржи утревечер (4 јули) на уличката пред „Ла Кања Бар“ во Старата скопска чаршија, со почеток во 19 часот.

Ќе настапат бендот „Луфтханза“, а свои дела ќе изложува уметницата Јана Русевска.

„Луфтханза“ е бенд составен во 2020- та година. Се состои од Иво Николовски, Андреј Димовски, Лука Јованоски, Виктор Стојановски, Раде Биковски и Мартин Џорлев. Свират пост панк, психоделичен рок и сѐ што ќе им дојде во моментот. На 5-ти април 2021-ва го извадија својот прв албум насловен „Демо Тејп I”.

Јана Русевска е ликовен уметник кој најмногу се занимава со графика и графички дизајн. Инспирацијата ја црпи од секојдневниот живот и меѓучовечките комуникации и односи. Најчесто работи со контрасни бои и целта и е да постигне големо и позитивно влијание врз другите и да ги натера на размислување.

Организаторите нагласуваат дека настанот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.