Млади за Скопје: Концерт на „Fiction“ и изложба на Давор Кешќец

Осмиот настан на „Млади за Скопје“ е закажан за 8 август, повторно на уличката пред „Ла Кања Бар“ во Старата скопска чаршија.

Овој пат ќе настапат бендот „Fiction“, а изложба ќе има младиот уметник Давор Кешќец.

„Fiction“ е бенд кој постои од јуни 2016-та година. Него го формираат Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара, вокал) и Филип Андонов (гитара). Подоцна  се приклучува и Теодор Теодосиевски на тапани, а Филип ја зазема улогата на бас гитарист. Кон средината на 2017-та година, започнуваат со креирање своја авторска музика, во која имаат влијание повеќе музички правци: хард рок, гранџ, џез и блуз, хип хоп и електронска музика, иако жанровски се клацифиираат себеси како рок бенд.

Кешќец, пак, е еден од најпознатите млади ликови – уметници во Скопје. Има завршено средно образование ДСУЛУД „Лазар Личеноски”- Скопје, оддел графика и има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика. Препознатлив е со неговиот уникатин стил. Добитник е и на наградата „Young Art” – категорија сликарство од 21-29 години, Скопје, 2019. Член е на ДЛУМ од 2020.

Настанот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.