За седмото продолжение на „Млади за Скопје“ на 13 мај во МКЦ е предвиден концерт на дуото „Морфеј“.
„Морфеј“ го сочинуваат Небојша Тодоровски (гитара и вокали) и Дарио Циевски (тапани). Бендот е формиран во август 2016 год и свири алтернативен експериментал рок со примеси на ноиз и пост-панк.
„Небојша е познат по своите поранешни бендови Sound Polution со кој има издадено еден албум и Хипнополис , исто така со еден албум. Главна инспирација му се Thurston Moore, Lee Ranaldo и Nels Cline. По 16 години активно свирење по разни бендови и проекти, решава да создаде нов бенд во кој ќе го преточи досегашното искуство. Дарио Циевски е тапанар кој активно свири 6 години. Досега има свирено со разни локални бендови. Главна инспирација му се Benny Greb, Dave Weckl, Gavin Harrison, Mark Guiliana, Kaspar Rast и други. Текстовите на Морфеј се полни со револт и ја прокламираат индивуалноста. Музиката е исполнета со напнати ритмови и гитари, но има и моменти на меланхолија проследени со ноиз“, стои во најавата за концертот.
Се очекува „Морфеј“ да свират од материјалот кој ќе се најде на нивниот прв деби албум.