Млади за љубов: Луѓето треба многу повеќе да се смеат

Гушкање во ГТЦ по повод Светскиот ден на насмевката. Гушкаа членовите на организацијата ,,Млади за љубов“, минувачите беа зачудени, а младите волонтери  потсетија дека и малите гестови можат да разубават нечиј живот.

ФОТО: Млади за љубов

ФОТО: Млади за љубов

Од ,,Млади за љубов“ објаснуваат дека 4 октомври е денот кога Харви Болд пред 50 години го измислил лицето смајли и сметал дека сите треба да посветиме барем еден ден од годината на насмевките и добрите дела.

„Смајлито не познава политика, ниту географија, ниту пак религија, а идејата на самиот основачот била дека барем еден ден во годината не би требало ни ние. За Светски ден го прогласил секој прв петок во месец Октомври. Освен насмевките кои ги делиме, ние делиме и гратис прегратки,“  изјави Ирина Тошева коосновач и директор на организацијата.

Волонтерите кои денеска делеа прегратки и насмевки во ГТЦ,велат дека недостига радост во нашиот живот.

„На луѓето им е потребна повеќе радост, бидејќи поради економската криза или некои други причини што не би требало да се главни причини, тие се помалку ја користат насмевката, затоа мислам дека треба многу повеќе да се смеат. Луѓето се запознаени со настанот преку социјалната мрежа фејзбук и имаме позитивен фидбек од минувачите.“ вели еден од членовите на организацијата.

Во светот овој ден се прославува од 1999 годнина, додека кај нас ова е трета година по ред од неговото прославување. Организацијата „Млади за љубов“ е првата организација која го донесе овој светски ден кај нас.

Наталија Јосифовска