Младински образовен форум распишува конкурс за МЛАДИ награда во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“.
Тема на годинешниот конкурс е:
„Различноста како сила: Младите и нивната солидарност за подобро општество“
Доколку имаш добра идеја и сакаш да ја реализираш, ова е одлична прилика за тебе!
Целта на овој конкурс е поттикнување на младите да размислуваат критички и да ги изразат своите ставови за темите медиумска писменост и интеркултурен дијалог, солидарност и различност. Ги охрабруваме учесниците да истражат начини како интеркултурниот дијалог може да придонесе за подобро разбирање во општеството и како медиумската писменост може да помогне во остварувањето на таа цел, особено со оглед на моменталната состојба во земјата и актуелните граѓански движења низ државата.
Кои се условите?
-Да си млада личност од 15 до 30 години
-Да живееш во Македонија
Ги исполнуваш условите, што понатаму?
-Избери некој од мултимедијалните формати – подкаст, напис, мим, видео, фотографија или било кој друг формат што ти одговара
-Работите мора да бидат оригинални и досега необјавени
-Важно е ти да бидеш целосен автор/ка (без туѓи фотографии, видеа или текстови)
-Нема да се земе предвид содржина што шири/поттикнува/промовира говор на омраза и насилство
Рок за пријава: 30 септември 2025 година до 23:59 часот.
Пријавите можеш да ги испратиш на мејл адресата info@mof.org.mk со назнака „МЛАДИ награда“.
А што е наградата?
Победникот/чката во категорија мултимедијална содржина ќе добие хонорар во износ од 24.000 дeнари бруто.
Критериуми за оценување:
-Оригиналност и креативност
-Квалитет на аргументацијата и размислувањето
-Релевантност на темата
Прогласување на победникот/чката
Победниците ќе бидат известени преку е-маил на 5 октомври 2025. Резултатите ќе бидат објавени и на социјалните мрежи и вебсајтот на МОФ.
Покрај тоа, доделувањето на симболична награда во вид на плакета ќе биде организирана на 21 октомври на завршната конференција на проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“ во Белград. Местото и времето ќе бидат навремено соопштени на победникот/чката. Превозот и сместувањето ќе бидат покриени од Институтот за медиуми и различности – Западен Балкан. Со победникот/чката на националната награда по доделувањето ќе биде потпишан Договор за авторско дело, по што ќе биде исплатен хонорарот, најдоцна 30 дена од прогласувањето. Присуството на доделувањето на наградата е задолжително.
Во тек е и конкурсот за регионалната награда, а повикот можеш да го погледнеш овде.
Оваа активност Институтот за медиуми и различности – Западен Балкан ја спроведува во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“ заедно со партнери од Босна и Херцеговина (ОНАуБИХ), Македонија (Младински образовен форум) и Црна Гора (Форум МНЕ).