Млади вандали осудени на читање книги за расизам и антисемитизам

Бојата на пурпурот од Алис Вокер, Искушение од Артур Милер и Ловец на змејови од Халед Хосеини се меѓу 35-те книги кои група на пет вандали се осудени да ги прочитаат, откако беа прогласени виновни за цртање расистички, антисемитистички и навредливи графити врз афро-американско училиште со историско значење.

Судијата пресудил тинејџерите да ги прочитаат книгите, дополнително да погледна и 14 филмови и да посетат два музеи, а потоа и да напишат есеј за промоција на „поголемо вреднување за полот, расата, религијата и толеранцијата“, откако биле фатени во вандализирање на училиштето Ашбрн во Вирџинија, информирала телевизијата WUSA, пренесува Гардијан.

Државната обвинителка Алекс Руеда изјавил дека презела таков чекор бидејќи петмината биле „глупави тинејџери“.

„Ниедно од момчињата немало претходно криминално досие. Никогаш не биле во невоља. И очигледно беше дека ова не било расно мотивирано. Повеќе се работело за нивна глупост и несфаќање на сериозноста на тоа што го направиле“, изјавила таа за локалниот телевизиски канал.

Руеда, ќерка на библиотекар, се надева дека казната ќе ги подучи тинејџерите вмешани во нападот и ќе помогне на локалната заедница. Момчињата нацртале свастики, диносаури и сексуално експлицитни слики и напишале „white power“ i „brown power“ на училиштето, кое е отворено во 1892 година – 30 години по крајот на Американската граѓанска војна, за да се овозможи образование на децата Црнци.

Обвинителката изјавила и дека тинејџерите, кои мислеле дека училиштето е напуштено складиште, стигнале до момент на кој му е потребно учење. Сите 35 книги на листата опфаќаат теми за расизам, родова еднаквост, религија или војна. Меѓу филмовите кои момчињата ќе мора да ги погледнат се и добитникот на оскар 12 години роб и Линколн.

Секој месец тинејџерите ќе мора да поднесат извештај за книга или филм. Задолжени се да напишат и есеј кој ќе ја објасни пораките кои ги праќаат свастиките и симболите за супериорност на белата раса, додека мора да ја посетат и изложбата за затворањето на Јапонци за време на Втората светска војна.

„Да се надеваме дека тоа што ќе го научат оваа година е поголемо вреднување на родот, расата, религијата, толеранцијата. И тогаш, кога ќе излезат во светот, тие ќе бидат учители“, рекол судијата.

Ова не е прв пат судија да користи листа на задолжителни книги како прекршочна казна. Минатиот септември, италијански судија, казни 15-годишно девојче да прочита 30 феминистички книги за да ја „разбере штетата која им била нанесена како жена, влевајќи феминистички вредности“, откако таа била дел од синџир на детска проституција. 35-годишен маж кој бил фатен како плаќа на девојката за секс, бил осуден на две години затвор, но не бил казнет со читање на некои од книгите на листата. Писателката Адриана Кавареро, чија книга била на листата, тогаш изјавила дека подобро би било да му се нареди на криминалецот да ја прочита нејзината литература наместо на девојчето.