Млади од Лондон започнаа независна кампања против загадувањето на воздухот

Млади лондончани, загрижени за загадувањето на воздухот од сообраќајот, започнаа независна кампања со билборди за да ги предупредат своите сограѓани за опасностите на издувните гасови од дизел горивото.

Уметниците Василиса Форбс и Клер Метјус, заедно со фотографот Тери Пол и група од волонтери на возраст од 16-25 години, испечатиле 12 билборд-постери кои ќе се појават на најзагадените лондонски улици во наредните месеци.

„Живееме во Лондон целите наши живот. Решивме да поставиме форум и да видиме дали луѓето го делат нашето мислење. Секој кој одговори, рече дека страда. Сфативме дека младите луѓе не се особено свесни за загадувањето на воздухот, или не им пречи. Имаше дефинитивно јаз во возрасните групи, и сакавме да ја подигнеме свесноста меѓу нив“, вели Форбс.

Форбс и групата ја именувале кампањата Clean Air Now, а имаат намера да користат постери, билборди и улична уметност за да се изборат со загадувањето. Платиле за печатењето на 48-те постери самите, и не примиле никакво спонзорство или друго финансирање. Компанија за изнајмување на билборди им понудила бесплатен рекламен простор.

„Идејата е да се земат билбордите за друго, не само за рекламирање. Билбордите, поради нивната големина и размер, се одличен начин да се разговара за овој проблем – лебдат низ Лондон како и самото загадување“, вели.

Се повикуваат на официјални бројки објавени од властите, дека загадениот воздух убива 9000 лица во Лондон секоја година.

„Можеме ли навистина да продолжиме да се уништуваме себеси, еден со друг и планетата, само поради нашата желба за брз транспорт?“, пишува на нивната веб страница.

Сите членови на групата живеат и работат во центарот на Лондон.

„Имам искуство со лош воздух секој ден, живеејќи во близина на Лондонскиот мост. Клер работеше во Тотенхем Корт Роуд, каде најде спас во чеповите за нос за да се заштити од одвратните издувни гасови. Сфати дека пешачењето до работнотоместо ја разболува“, раскажува Форбс.