Mлади македонски уметници ќе изложуваат во Њујорк

207642_326610050788105_326463995_nНа 6ти февруари во NY (New York), во галеријата „Спектрум“ на Менхетн ќе се одржи изложбата „Во сенката на младите“ – проект на Кервин Вилијамсон во кој ќе учестуваат повеќе уметници. На поканата на Вилијамсон се одзваа македонските автори авторите Матеј Богдановски, Меглена Висинска која ќе се претстави со фотографии, Ана Лазаревска (Скопје) со видео, како и Синти Јонеску (Букурешт) со видео и фотографии.

Матеј Богдановски, кој на оваа изложба ќе се претстави со осум дигитално изменети фотографии (digitally altered images) заеднички именувани УБЕР СКУЛПТУРАЛЕС (ÜBER SKULPTURALLES) ја објаснува инспирацијата зад неговите дела:

„ Тие се инспирирани од претенциозните градежни потфати иницирани од владата, со кои сака да го разубави нашиот главен град Скопје и да му даде лик на “вистинска европска метропола”, а во исто време да остави јак печат за “нашиот идентитет”. Тоа сака да го постигне преку градење на градби со мноштво антички елементи (столбови и колонади), барокни фасади и поставување на монументални скулптури од “битни личности во нашата историја”, дури и триумфална порта. И се’ тоа на и околу главниот градски плоштад наречен Македонија. Токму сулптурите ги земав како главна тема во овие слики. Во овие осум дигитално доработени фотографии, јас намерно ги зголемив димензиите на објектите за неколку пати, така што тие доминираат над околината, а луѓето се додатно намалени. Со тоа сакав да го претставам моето лично чувство на нелагодност кога проаѓам покрај овие објекти, кои се надвиснуваат така сенишно, гушејќи го просторот со својата пренатрупаност и кич. Провокација за нашите дела се новите градби, новите објекти, новата естетика и новиот видик што се добива. Младите градби кои ја фрлаат својата сенка врз своите соседи староседелци.“, вели Богдановски

Соработка помеѓу Богдановски и Вилијамсон започнува во февруари 2012. Поттикнат од урбанистичките промени кои се случуваат во неговиот град; рушењето на старите помали згради и градење на поголеми кои визуелно, социолошки и економски брзо ги менуваат подрачјата во кои се наоѓаат, Вилијамсон прави аналогија со промените кои му се случуваат на Скопје и сака да ги претстави на визуелен и креативен начин.
Со тоа поттикнувајќи го прашањето за начинот на развивање на модерните метрополи денес.