Младата Мартина Николовска со велосипед за 11 денови ја помина Европа

Македонскиот полициски синдикат (МПС) информира дека нивниот член, младата Мартина Николовска од Битола, како учесник и преставник на Македонската експедиција на велосипедска тура „Виа Централа“, за само 11 дена ја помина цела Европа со велосипед.

„Нашата колешка својата авантура ја започна во Белград, Србија и со својот со велосипиед мина низ Унгарија, Чешка, Словачка, Австрија, а крајната цел на патувањето беше Хамбург, Германија, при што истата помина вкупно 1.924 километри, возејќи просечно по 190 километри во еден ден“, велат од Синдикатот.

Македонскиот полициски синдикат даде поддрка на колешката време на турата „Виа Централа“, а притоа истакнуваат дека секогаш во рамките на можностите ќе се залагаат за промоција на здравите животни навики и афирмација на спортот.