Млад уметник црта портрети со сончевите зраци

Младиот уметник-ентузијаст од српскиот град Пирот Ивица Ѓорѓевиќ има несекојдневно хоби – тој црта портрети на славните личности на дрво, со помош на сончевите зраци. Ретката техника на сликање со горење на дрвото се вика соларна пирографија, а Ѓорѓевиќ за неа дознал преку интернет.

Млад уметник црта портрети со сончевите зраци

Надарениот уметник, кој по образование е железнички техничар, за агенцијата Танјуг вели дека техниката може да биде и опасна, затоа што сончевите зраци со лупа се насочуваат кон дрвото, при што се развива висока температура и можни се изгореници.

„Тоа беше љубов на прв поглед – истиот момент кога го видов ова на интернет, добив желба и самиот да се обидам. Во последно време работам и со обичната варијанта на оваа техника, со апарат наречен пирограф“, вели Ѓорѓевиќ.

Млад уметник црта портрети со сончевите зраци
Тој нема ниту еден ден искуство во својата струка, а некое време работел како шанкер во едно кафуле. Сега е невработен, а со својата уметност повремено заработува по некоја пара, продавајќи им портрети на свои познаници.
Погледнете повеќе од делата на Ѓорѓевиќ.

Извор: Б92