Млад турски хакер осуден на 334 години затвор

26-годишен турски хакер е осуден на вкупно 334 години затвор за банкарска измама, која вклучува кражбаМлад турски хакер осуден на 334 години затвор на податоци од 54 кредитни картички, пишуваат турските медиуми.

Младиот Онур Копчак викендов бил осуден на казна од 135 години затвор поради тоа што ги пробил податоците од 11 кредитни картички, а во 2013 година бил осуден на 199-годишна затворска казна поради слични дела. Вкупната казна е далеку највисока за еден хакер, во која било земја од светот.

Копчак изработувал веб-страници многу слични на платформите на банките и ги крадел податоците што корисниците на кредитните картички ги внесувале. Тој претходно бил осудуван за низа дела поврзани со компјутерски криминал, а ќе оди на одлежување на казната во затворот Османије во провинцијата Адана, во близина на границата меѓу Турција и Сирија.