„МКЦ за Скопје“- филм, изложба, концерт

Со изложба, филмска проекција и концерт, а по повод 52 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, Младинскиот културен центар и годинава го организира настанот „МКЦ за Скопје“.

На 26 јули, недела, во МКЦ со почеток од 20 часот, ќе се одржи изложба на младиот македонски уметник Иван Петрушевски – Флим, со наслов „Херои и нули“, по што следува проекција на документарниот филм за култните Леб и сол, „Каша“, во режија на Дарко Марковиќ.

Вечерта ќе биде заокружена со концертен настап на групите Sethstat & Мирко Попов, Khara и Сусијат. Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.