МКЦ за СКопје – 54 години од земјотресот со вечер посветена на Даница Ручигај, првата македонска поетеса

Манифестацијата „МКЦ за Скопје“, со која Младинскиот културен центар – Скопје ја одбележува 54-годишнина од скопскиот катастрофален земјотрес, со повеќе културни настани ќе се одржи на 25 и 26 јули.

Програмата започнува во вторник, во 20 часот, во киното „Фросина“ со книжевната вечер „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“, посветена на првата македонска поетеса и основоположничка на „женското писмо“ во современата македонска поезија и литература воопшто Даница Ручигај, која загина во скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година.

Вечерта, всушност, е замислена како промоција на книгите „Ако влегуваш во овој храм во кој љубовта е вера, помоли се!“ и „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Искра Чоловиќ и Свето Стаменов.

Во рамките на книжевната вечер ќе бидат прикажани и документарните филмови посветени на Даница Ручигај: „Поетот живее и по смртта“ (1993) и „Соновите не заспиваат“ (2016) на новинарите на Македонската телевизија Соња Драгољуб Гиздавиќ и Катица Трајковска – Абјаниќ.

На 26-ти јули, програмата продолжува со уште неколку настани. Во 20 часот, во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложбата на Димитар Аврамовски Пандилов, кој трагично почина во земјотресот 1963 година, со досега никогаш изложени дела на на еден од основоположниците на македонскиот современ ликовен израз. Излобата ќе биде отворена до 15 септември.

Целосната програма програма на МКЦ за СКопје:

25 јули 2017

20ч. Книжевна вечер посветена на поетесата Даница Ручигај

26 јули 2017

20ч. Отворање на изложба на Димитар Аврамовски Пандилов (Галерија МКЦ)

20ч – Отварање на фотографска изложба на Вацлав Шваб / ЕПК Плзен 2015, Чешка (26.07-04.08.2017, МКЦ фоаје)

20ч – Отварање на фото инсталации. Фотографи: Ан д` Гела, Максим Делво, Герт д` Таје, Ален Бреје / ЕПК Монс 2015, Белгија (26.07-04.08.2017, МКЦ тревник)

21ч – Филмска проекција Messages from the Border (68`), ЕПК Сан Себастиан 2016, Шпанија (26.07.2017, плато МКЦ)

22:30 концерт на RIB, Sweet Rapscallions, Anna O. и Mark Olson & Ingunn Ringvold (САД).

Влезот за посетителите е бесплатен.